What's On

Around the World in 80 Days

 

Saturday, 13 June 2026   |      20:30 hours   |    BUY TICKETS
IMG-3fde7c5ed6e932baf865f0426302969a-V.jpg
„ПАТ ОКОЛУ СВЕТОТ ЗА 80 ДЕНА“ НА МАЛАТА СЦЕНА НА МНТ

Македонскиот народен театар ве поканува на аматерската претстава „Пат околу светот за 80 дена“, во изведба на Лектирен театар, под режисерската палка на Тони Михајловски.
Инспирирана од познатиот роман на Жил Верн, претставата ја следи возбудливата авантура на Филеас Фог и неговиот верен придружник Паспарту, кои тргнуваат на неверојатно патување со цел да го обиколат светот за само 80 дена. Низ низа неочекувани предизвици, средби и авантури, приказната носи пораки за храброста, упорноста, пријателството и вербата во сопствените можности.
Со креативен пристап, младешка енергија и љубов кон сценската уметност, актерите од Лектирен театар ја оживуваат оваа безвременска класика и ја претвораат во вистинско театарско доживување за публиката од сите генерации.

13 јуни 2026 година (сабота) во 20:30 часот
Мала сцена, Македонски народен театар
Ве очекуваме на незаборавно театарско патување исполнето со авантури, возбуда и магијата на сцената!

Режисер: Тони Михајловски
Асистент на режисерот: Благица Трпковска Јоковиќ
Предавач: Тони Михајловски
Предавач: Александар Михајловски
Предавач: Благица Трпковска Јоковиќ
Извршен продуцент: Александра Јорева Михајловски
Избор на музика и дизајнер на звук: Стефан Михајловски
Сценограф: Срѓан Јоковиќ
Костимограф: Александра Јорева  Михајловски

Премиера: Сабота 13 јуни
Сцена: Мала
Претставата е наменета детска категорија: 12+
 

 

  • Stage
    Small stage
  • Duration
    minutes
  • Intermission
    no intermission

 

Виртуелна прошетка Музеј

BOX OFFICE:
+389.2.3230.304

ADMINISTRATIVE DEPARTMENT:
+389.2.3216.725

ADDRESS:
"11 March" Street, No. 3, 1000 Skopje

e-mail: info@mnt.mk